Македонка од Австралија во чорап криела златен накит

„Досетлива“ Македонка од Австралија криела златен накит во чорап.

Македонските цариници неодамна откриле 10 нараквици од 22-каратно злато завиткани во чорап.10 нараквици од 22-каратно злато, со вкупна маса од 276 грама и вредност од околу 650 илјади денари, откриени при контрола на македонски автобус што сообраќал на релација Истанбул – Охрид, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените златни нараквици биле пронајдени завиткани во чорап, сместени во рачна чанта на австралиска државјанка со македонско потекло, која патувала со автобусот.Истите се привремено задржани а против патничката ќе биде поднесена кривична пријава.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани