На иницијатива на Почесниот конзул на Р Србија во Охрид, педесеттина маратонци од Охрид ТрчаТ по втор пат ќе бидат дел од Белградскиот маратон. За охриските тркачи конзулатот обезбеди 50 ноќевања за два денови и превоз. Целта е културно и спортско сплотување на двата народи.
Тоа ќе придонесе за приближување и промоција не двете значајни спортски манифестации.
– „Со тоа ќе придонесеме една добра афирмација, ние веќе добро се познаваме посебни поздрави до директорот дарко хабош за дадените бенефиции, ои ни овозможуваат логистика. Ќе имаме и саем каде нашите организатори Јоне и Иван кој макотрпно сите воие години изградија еден бренд европски кој не претставува достојно. Јас како почесен конзул секогаш ќе се борам да ги поврзам сите спортски манифестации и секако и економкските и културните и се она што не поврзува низ историјата“, вели Михајло Филев конзул на Р Србија во Охрид.
Спортот ги урива границите и ги зближува народите. Присуството на охридксите маратонци на Белградскиот маратон е продолжување и продлабочуавње на соработка во иднина, велат од Охрид ТрчаТ.
– „Втора година по ред одиме на Белград маратон, а тоа е најголемата спортска тркачка манифестација на Балканот од минатата година гледаме дека галопира и со учесници надвор од Балканот и навистина ни е особено мило што како наши пријатели се повеќе растат. Затоа што на таков начин и ние добиваме поголеми бенефиции и добиваме поголемо искуство. Навистина ни е особено мило што ќе се дружиме, 50 наши учесници ќе бидат дел од Белград маратон, каде се најавени 20 000 посетители на самото експо што за нас ќе претставува голема можност за презентација и јас верувам деа ние сетот тоа максимум ќе го искористиме“, вели Иван Цветкоски директор на Охрид ТрчаТ.
-„На самото експо, на белградски саем ќе има можност Охрид ТрќаТ со свој штанд да биде презентиран целокупно она што го работи не само спортската манифестација Охрид ТрчаТ, туку и сите оние спорткси манифестации под атлетксиот клуб. Тука е акватлонот, Пештани вертикал…Сите овие спортски настани ќе бидат презентирани пред целокупната тркачка спортска јавност која ќе биде дел од белград маратон.0709 Она што го очекуваме од оваа промоција на Охрид во следниот период кога се одржува Охрид ТрчаТ и сите оние настани голем дел на учесници кои ќе бидат дел од Белград маратон да бидат присутни и на нашите спортски манифестации“, вели Јоне Станкоски од Охрид ТрчаТ.
На Белградскиот маратин ќе има и експо саем каде ќе се промовираат трките од целиот регион. На него се очекува да продефилираат повеќе од дваесет илјади посетители а Охрид ТрчаТ со брендиран штанд ќе го промовира градот Охрид со цел да се привлекуваат туристи.
Новинар Соња Рилковска