Марјан Кикески од охридско Пештани, познат модел во рекламните спотови на светските брендови

„Во светот на успешните“ е катче на Охриднет резервирано за луѓето кои по многу нешта се уникатни, успешни и одговорни во својата работа, луѓето имаат визија да творат, да  создаваат и да ги мотивираат другите. Успешни се оние кои не се откажуваат од соништата и луѓето  кои не штедат ни време ни енергија да стигнат високо до целта.

Таков е нашиот Марјан Кикески од охридско Пештани. Ликот кој денес ќе го видите на ТВ екраните во рекламните спотови на најреномираните светски компании, на билбордите ширум  евроспките градови. Живее и работи во Будимпешта Унгарија, денес е модел, снимил десетици реклами,  но и актер, имал улоги во повеќе филмови  рамо до рамо со светски актери. Снима  реклами во Унгарија, Словачка, Австрија, Германија, Италија….  Марјан е познат лик во Унгарија, но  гордост на Охрид и родното Пештани.

Како Марјан Кикески од Пештани се најде во светот на маркетингот на најголемите светски брендови?

-Најпрво,сакам да ви се заблагодарам на честа и вашето внимание,а исто така сакам да ја искористам и можноста да ги поздравам вашите читатели и сите Македонци каде и да се. Како почна се.Тоа е навистина една интересна и долга приказна, но ке се обидам да бидам што пократок. Како секое дете,т ака и јас си имав свои соништа,да бидам глумец, да снимам, да се појавам пред камера. Па така, пред околу 8 години во Будимпешта,сосема случајно,видов имаше кастинг за снимање на реклама за најпознатото словачко пиво Zlatý Bažant. Си реков,зошто да не пробам, можеби сега е моментот за почеток на остварувања на моите соништа.На моја огромна среќа,помеѓу толку многу кандидати, изборот падна токму на мене. Прв кастинг и од прва успешен, и не за било што,туку за Zlatý Bažant, што за мене беше огромна мотивација дека морам да продолжам понатака со оваа работа, со остварување на моите соништа. Интересно е што мојата прва реклама беше со кастинг во Будимпешта, но сниманјето беше во Братислава. На мое големо задоволство,рекламата доживеа огромен успех,што беше и причина да добијам понуда за снимање и на втора реклама за истото пиво, овојпат Новогодишна,која се емитуваше неколку години по ред во Словачка со огромен успех, едноставно кажано, стана „Класика“. На самите снимања имаше претставници од разни агенции, кои отворено ми понудија да бидам дел и од нивните агенции, па така, дојде и рекламата за Popradska Kava….и многу други снимања,народски кажано, работите почнаа сами да си се редат, природно, што е и најдобро,за да дојде време, последно,да снимам реклами за Volkswagen.

Покрај рекламите се најдовте во светот на глумата? 

-Да, тоа е точно, покрај снимањето на рекламите, јас ја имав таа чест да бидам дел и од снимањата на многу познати светски филмови како што се: Poor Things,Gran Turismo, The Last Kingdom-Seven Kings Must Die, Maria Callas, Day of the Jackal..многу унгарски филмови, ја имав таа среќа да бидам на снимања со Orlando Bloom, оскаровците Emma Stone i Eddie Redmayne,Ray Stevenson, Mark Ruffalo…..

Колку рекламни спотови досега си снимил и за кои компании?

-Сум снимил навистина голем број на реклами, но би ги издвоил: Фото и видео реклами за Volkswagen , снимени во Германија и Австрија (Салзбург), кои веќе се готови. Пред неколку дена завршив со снимањето во Италија (Верона), а веќе добив и понуда за снимање на нова реклама, веќе за во јуни, во четврта различна европска држава, за Volkswagen. Рекламата за Orange (Најголемиот словачки оператор), снимив неколку видео и фото реклами. Морам да напоменам дека за оваа реклама бев на билборди, плакати, постери низ цела Братислава. Две реклами за најпознатото словачко пиво Zlatý Bažant. Понатаму,  за бензиските пумпи на MOL која се емитуваше во Унгарија, Чешка и Србија. Снимив и реклама за Popradska Kava, потоа реклама за енергетскиот пијалок HELL , BDS, Унгарскиот CLEANHOME, Spaten…

Имате сопруга и семејство во Будимпешта,Унгарија?

-Да, живеам во Будимпешта со сопругата и нашата ќеркичка Калина.

Маријан со ќеркичката Калина

Каде се гледате себе си во иднина?

-Во иднина се гледам како дел од многу други светски познати реклами и филмови, но не се оптоварувам со тоа, сконцентриран сум на работата сега, најсреќен сум што го работам она што го сакам, а резултатите сами ке си дојдат.

Колку често го посетувате родното Пештани и што најмногу ви недостига?

Каде и да одам, што и да правам, секаде и секогаш ќе ми недостига моето Пештани, со моите пештанки и пештанци, мојата фамилија, а најмногу тато и мама. Но,ја имам и таа среќа што често сум во Пештани, таму сум скоро секој втор месец, зависно од обврските, така да, си се гледаме во мај, чекајте ме.

Маријан со Реј Стивенсон

Видеа од хит рекламите на Кикески: 

Рекламата за словачко пиво Zlatý Bažant

Рекламата за Volkswagen

Реклама за Volkswagen

Реклама за BDS

Реклама за унгарската CLEANHOME

Новогодишна хит реклама за унгарското пиво

Реклама за компанијата Orange

Реклама за Popradska kava

 

Фотогалерија:

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани