Медицинска сестра од Струга заразена од морбили

Медицинска сестра во интерното одделение во општата болница во Струга заразена од морбили.

Десет дена Елена Главическа  се бори со морбилите, откако се заразила на своето работно место.

Главинческа тврди дека се заразила од невакцинирано дете, на кое му пружала  медицинска помош. Таа јавно апелира до родителите да се освестат и да ги вакцинираат сопствените деца.

– Родителите прават голема грешка што одбиваат да ги вакцинираат своите деца, а со тоа ги доведуваат во опасност и сите други во нивната околина, пишува на својот фејсбук профил. 

,,Не плашете се , ова сум јас со МОРБИЛИ. И не би требало да пишувам јас постови и да објавувам слики, но морам да им се ,,заблагодарам“ на оние родители кои не ги вакцинираат своите деца, поради што јас на мои 47 години во 21 век добив морбили! Да, јас сум здравствен работник и ги заработив извршувајќи ја мојата работа. ДА, ние треба да сме хумани и за тоа сме платени.

Ама никако да ми помине лутината што во денешно време сум болна од болест за која учевме дека опстојува во средини со низок социјален развој, благодарение на квази интелектуалци кои по неколку статии прочитани на интернет, се супер стручњаци за вакцините и за области од медицината за кои некои луѓе цел живот го посветиле на учење.

Освестете се!

Не сакам никого да навредам и однапред се извинувам, но дали некој има доблест мене да ми се извини за мојата десетдневна голгота со болеста? Некој, од оние 25 проценти кои недостигаат во статистиките за вакцинирање , кои се неопходни за постигнување на колективен имунитет.

Инаку да. Ве сметам за лично одговорни за мене, за моите колеги, за сите болни кои се заразиле, не поради своја вина.

И никако не посакувам ничие дете да помине низ вакво малтретирање“ – вели  медицинската сестра Елена Главинческа.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани