На 29 и 30 јули ќе се одржи Меѓународна едриличарска регата – Охрид 2017.
Овој натпревар е возобновување на долгогодишната едриличарска традиција на Охридското Езеро.
-Официјалното отворање ќе биде во 10 часот во сабота 29.07 на главното градско пристаниште каде ќе бидат собрани сите едрилици и натпреварувачи. Регатата ќе се одржува во водите на Охридското Езеро, блиску до брегот, од каде што публиката ќе може да го следи натпреварот.
-Наша цел е популаризација на едрењето, не само како спорт туку и како начин на живот. Затоа ги покануваме сите заинтересирани да дојдат и земат учество на регатата и секако сите останати да не бодрат за време на трката, информираат од Акватика Јахтинг.