Министерството за култура на Република Македонија донесе решение за разрешување на Горан Стојановски од функцијата директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид. За врш
ител на должноста директор во оваа установа е назначен актерот Стрезо Стаматовски.
Од Министерството за култура објаснуваат дека според наодите на инспекциските служби, директорот на установата не го усогласил работењето согласно со законските одредби и Статутот на установата.
Понатаму, спротивно на Законот за култура, директорот не спровел постапка за реаудиција за вработените уметници-актери.
Освен тоа, спротивно на Законот за работните односи, немал воведено електронски систем за евиденција на работното време за вработените во установата.