Мерко не чувствува вина за незаконско назначување на директори

Во струшкиот суд се одржа главната распправа против Мерко за  неазконско назначување на директори во  четири училишта, во селата Подгорци, Лабуништа, Велешта и Браќа Миладиновци во Струга Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко рече дека не чувствува вина за делата кои го товари јавно обвинителство несовесно работење во службата. Исказ даваше Аден Ајдарсоски, кој три мандати директорувал во училиштето во Подгорци, а годинава си поднел оставка на барање на Антикорупциска комисија.

Ајдароски не исполнувал услови, немал пет годишно работно искуство и не бил од редот на вработените.

– „Ние имаме докази и тоа ќе го докажеме дека и ќе докажеме дека се сторени такви кривични дела. Судот ќе одлучи колку ќе осуди тоа ќе го видеме во текот на псотапката ако не се согласиме со пресудата ќе поднесеме жалба до Апелациониот суд“, вели Лога јавен обвинител од Струга.

Против струшкиот градоначалник се водат четири предмети за незаконско поставување на директори, а во училиштето во село Велешта има и кривично дело фалсификување при што се обвинети четири лица.

-„Моментално за училиштето во Велешта се води одвоен предмет затоа што таму се повеќе обвинети, четворица а за другите училишта еден предмет три псоатпки во еден предмет. 0050 Покрај нкривично дело есовесно работење во службата  дел од вработените се гонат за фалсификување значи две кривични дела“, вели  Јордан Јованов судија.

Државниот просветен инспекторат извршил надзор во училиштето во Подгорци и му кажал на директорот дека незаконски е именуван, но инспекторатот не повел постапка. Судскиот процес за училиштето во Велешта се одложи за 05 јули.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани