Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од вчера е згрижен на Инфективната клиника во Скопје.
Имал симптоми и бил позитивен на корона вирус, потврдија од локалната самоуправа.
Од таму за Охриднет велат дека градоначалникот е во стабилна состојба, но превентивно бил згрижен во болница.
Епидемијата со корона вирусот не запира. Секојдневно расте бројот на заболени лица.