Мицковски на трибина во Калишта: Браќата Кирил и Методиј пред еден милениум покажаа дека нема инфериорни култури и народи

Со трибина под наслов  „Светите Кирил и Методиј стожерот на нашето постоење“ на брегот на Охридското Езеро се одбележа Денот на сесловенските просветители.

Браќата Кирил и Методиј пред еден милениум покажаа дека нема инфериорни култури и народи, дека нема нееднакви пред божјото слово и божјата правда, дека секоја неправда може да се порази со силната волја и посветеност, работа и труд. Нивниот аманет кој го оставиле е голем, исто како што е големо и нивното име, истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски на  трибината во калишкиот манастир.

Тие се денес европски светители и заштитници и секој може да го слави нивното дело, но факт е дека пред повеќе од 1100 години нивните мисионерски чекори почнале од македонската земја,  додаде Мицковски.

– „ И токму од македонската земја го земаат сето свое јазично, културно и идентитетско семе и го шират низ целиот словенски свет. И ако не беше нивната духовна сила, и школа немаше да биде ниту Св. Климент и Св. Наум, кои се најсилната греда врз која се потпира и нашата света православна црква, но и нашата писменост. Затоа Св. Кирил и Методиј се стожерот на нашето постоење“, истакна Мицковски.

Делото на Кирил и Методиј од пред 11 века е цивилизациска придобивка на која се сеќаваме со грдост, треба да ја зачувување на нашата историја  и така да го добиеме заслуженото место во ЕУ, истакна научната фела.

-„Се обиделе на автентичен начин да го пренесат боѓјото слово необидувајки се на никого да влијаат врз нечија култруа врз нечиј идентите јазик туку на автентичен начин да пренесат создавајки писми“, изјави Ѓоко Ѓорѓевски, редовен професор на Православниот Богословски факултет Св. Климент Охридски.

-„Тоа е апсурдот на политиката и мешањето на политика во историјата токму пораката тука ја гледам на кирил и Методиј таа рамноправност на словенските народи вклучитлено и македонскиот кој што заслужува да го добие своето место во Европската Унија“, истакна Митко Панов, редовен професор на Институтот за национална историја при УКИМ.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани