Минималниот К15 се покачи на 10 000 денари

Газдите на приватни компании кои се уште не исплатиле К 15, сега на сметките на своите вработени ќе треба да префрлат околу 900 денари повеќе отколку кога уплатата на регресот за годишен одмор би ја направиле минатата недела.

Минималната сума за К-15 сега изнесува 10.066 денари, за разлика од претходните 9.175 денари. Вредноста на минималниот регрес за годишен одмор се искачи откако во петокот Државниот завод за статистика го објави најновиот податок за просечната нето-плата по работник, со што во пресметката на К 15 влезе и октомвриската плата, која е за четири проценти поголема од претходната.
Сепак, со Колективниот договр им се дава можност на сопствениците на фирмите на своите враобтени да им исплатат и помалку пари од овој предвиден минимум, но само ако се во тешка финансиска состојба и ако за тоа имаат потпис од синдикалецот или претставникот на раобтниците во претпријатието. Исплатата им следува на сите работници кои во една фирма биле вработени најмалку шест месеци во календарската година, а мора да се изврши до крајот на годината. Во спортивно, работодавецот ризикува да биде казнет со парична или казна затвор.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани