Прекините ќе бидат денеска од 11 до 14 часот.
Поради изведување градежни работи на патниот правец Кичево-Охрид, денеска во времето од 11:00 до 14:00 часот ќе има прекин во сообраќајот во траење од 10 до 15 минути. Прекините на сообраќајот ќе бидат на патниот правец А2 на потегот од Пресека до село Врбјани,. Тука екипи на Градежното претпријатие „Илинден“ ќе вршат минирање.
