Велосипедско дефиле низ Охрид

Велосипедското дефиле е денеска од 10:30 до 12:00 часот.

Велосипедското дефиле со кое се одбележува Денот без автомобили, е под мотото „Исклучи го моторот- вози велосипед“ и започнува со собирање на учесниците во 10:30 пред општинската зграда. Велосипедистите ќе возат по улиците „Димитар Влахов“,„Кузман Јосифовски“ од пресекот со ул.„Димитар Влахов“ до пресекот со ул.„Партизанска“, ул.„Партизанска“ од пресекот со ул.„Кузман Јосифоски“до пресекот со ул.„Јане Сандански“ и дел од ул.„Јане Сандански“ од пресекот со ул.„Кеј Македонија“ од ул.,,Кеј Македонија“ преку мост ,,Билјанини извори“ до плажа ,,Амброзија“ и назад до ул.,,АСНОМ“. Од ул.,,АСНОМ“ до ул.,,Булевар Туристичка “ од Булевар Туристичка“ по ул.,,Димитар Влахов“ до Општина Охрид. На крајот од дефилето следуваат награди за учесниците во настанот.
Кај нас, а и во светот, се резервираат една или повеќе фреквентни сообраќајници за велосипедисти и пешаци. На тој начин се упатува силна порака дека со мудро одбирање на начинот на секојдневен транспорт, го заштедуваме домашниот буџет , го подобруваме нашето здравје, воедно ја заштитуваме животната средина и го намалуваме загадувањето од транспортот, а се што ни треба е подготвеност и волја одговорно да се однесуваме кон животната средина.
„Европската недела на мобилност“ Општина Охрид ја одбележува во соработка со МЖСПП, Европската Делегација во РСМ и ЕУ- Инфо центарот во Скопје.Во Европската недела на мобилност се организираат настани посветени на одржлива мобилност во урбаните средини, кои годинава се на тема „Пешачи со нас – сигурно пешачење и возење велосипед“.

Social profiles