Минута по полноќ ВМРО го одбележа стартот на кампањата

Традиционално една минута по полноќ со собир пред Општинскиот Комитет беше означен почетокот на предизборната кампања за локалните избори на 15 октомври.

Заедно сплотени, единствени, мотивирани, со овации, песни и аплаузи, со весел и ведар како и насмевка на лицата, членовите и симпатизерите на партијата најавија голема победа уште во првиот круг.
Пред големиот број присутни граѓани се обратија претседателот на ОК и носител на советничката листа Д-р Кирил Пецаков и кандидатот за градоначалник Д-р Митко Тилевски.
На крајот беше упатена покана до сите граѓани за почетнииот голем митинг со почеток во 19:00 на Градскиот Плоштад „Св. Климент Охридски“.
За неколку часа почнуваме да го трасираме патот до уште една, уште поголема победа, за Охрид, за охриѓани, за Република Македонија. Уште од утринава започнуваме со работа, која ќе триумфира на 15 октомври, стои во соопштението до јавност од ОК на ВРО ДПМНЕ

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани