Во пожарот нема повредени.
На стариот пат Охрид Струга, после селото Подмолје, вчера изгоре автомобил „Форд Мондео“. На 20.08.2020 година во СВР Охрид, телефонски е добиено известување за опожарено возило на регионалниот пат Охрид-Струга.
– Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за патничко возило „Форд Мондео“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.З.(23) од струшкото село Враништа. Интервенира Територијалната против-пожарна единица од Охрид која го локализирала и целосно го изгасна пожарот, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
