Нападите биле во два одвоени случаи.
Вчера, Д.Ѓ.(37) од Охрид, во полициската станица пријавила физички напад извршен на улицата „Марко Цепенков“ од Љ.Т.(44) од Охрид, врз нејзиниот малолетен син, кој се здобил со телесни повреди. На 19.08.2020 година, во 18.45 часот, на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.Д.(83) врз А.Љ.(39), двајцата од Охрид.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, нагласува дека против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
