Моторциклист тешко се повредил избегнувајќи судар со дете на велосипед

Тешки повреди има моторциклист од Охрид кој избегнал директен судар со 13 годишно дете на велосипед.

На 28.07.2018 година во 22,40 часот на улицата “Сирма Војвода“ во Охрид, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед со охридски регистерски таблици управуван од И.М.(35) од Охрид и велосипед управуван од 13 годишно дете од Охрид.
-Во незгодата сo тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид каде по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување. Велосипедистот се здобил со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“-Охрид, од каде по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.Додаде дека на местото на настанот,бил извршен увид и дека се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани