Жител на Прешево опљачкал јапонец во Охрид

Во Охрид, 39 годишен жител на Прешево-Србија, му одзел мобилен и лап топ на својот пријател од Јапонија.

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Д.А.(39) од Прешево, Р.Србија поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело “кражба“. На 27.06.2018 година во Охрид на улицата “Македонски Просветители” во хостел, пријавениот, во соба во која престојувал заедно со Т.Т. (37) од Јапонија, од истиот одзел мобилен телефон, лап топ, часовник и Ајпод по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 300.000 денари.
-По преземени мерки, на први овој месец, во Скопје, пријавениот бил лишен од слобода, при што кај истиот биле пронајдени дел од предметите, кои потоа се вратени на оштетениот, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани