Куршумите потекнувале од втората светска војна.
Вчера во 13.45 часот, во ОВР Струга пријавено е дека при изведување ископ со багер на плажа, во близина на хотел во Струга, пронајдени се лимени сандаци со куршуми различен калибар од Втората светска војна.
– По извршен увид од овластен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека станува збор за стара и оштетена муниција, која е безбедно е подигната од стручните екипи, изјави м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.