Развојот на музиката од педесеттите години до денешните модерни музички текови, во фокусот на МУЗИЧКА (Р)ЕВОЛУЦИЈА.
Традиционално и оваа година под менторство на проф Стефан Каневче креативните ученици од СОУ „Св Климент Охридски“, полни со ентузијазам ќе го реализираат овој проект, преку кој оваа образовна установа се издигнува на високо културно ниво.
.jpg)
Деветта година по ред охридските гимназијалци Од СОУ „Св Климент Охридски“, дишат за настнот на годината, МУЗИЧКА (Р)ЕВОЛУЦИЈА. Цели 2 и пол месеци течат подготовките за овој спектакал кој од година во година привлекува се поголем интерес не само во оваа Установа туку во цел град и пошироко. Проф Стефан Каневче кој е и одговорен за целокупниот проект во соработка со …..и оваа година ветува незаборавен настан. Тој за Охриднет појаснува што во суштина крие насловот на настанот.
– „Сакавме фактички да го прикажеме развојот на музиката низ годините после втортата светска војна до сегашно време. И намерно ја додадовме таа Р, со цел да се покажи револуционерниот развој на истата“ – вели Каневче.
.jpg)
Проф. Каневче, скромен во својот ангажман и исправен пред исклучително одговорен и значаен настин, открива кој е начинот на неговата работа.
-„Да се работи со деца е вистински предизвик посебно кога до израз доаѓа нивната креација која не е за занемарување- вели Каневче. Нивниот ентузијазам и желба да направат нешто, да се истакнат, дав добијат самодоверба а преку се тоа да го доживеат преминот на зависност од другите пред нивното осамостојување е основен мотив за мојата работа – додава тој.
.jpg)
„Сите деца што досега учествувале на овој настан станале нешто. До ден денес сум во постојана комуникација со дел од нив и можеби не се постанати професионални музичари но сите во слободното време музицираат. Станати се доктори, инженери…..и повеќето од нив се успешни, самодовербата која се стекнува на вакви настани, односно настап пред бројна публика до 700 луѓе навистина е позитивно искуство“
Мене ми е кеиф да работам со учениците, не само да сум нивен претпоставен. Точно заради тоа на секој настан секоја година и јас како професор имам свој настап, пеам танцувам и сум дел од целото шоу. Со еден збор уживам во се тоаОд еден мал настан насловен како
„Вечер на странските јазици“, кој своевремео се одвивал во ходниците на гимназијата, преку сугестии на останатите професори, денес овој спектакл доживува вистинска преродба и се одржува во Центарот за култура. Со минимални услови за работа, учениците несебично се вложуваат и секоја година постигнуваат максимум. Тоа го зборува позитивната реакција на сите кои го следеле овој настан, објаснува Каневче.
Тој признава дека сам не би можел да доспее толку високо и цели девет години за овој настан секогаш да се бара билет повеќе. Проф Каневче иако во охридската гимназија предава латински јазик, но музиката е негов нераскинлив дел. Тој верува дека сепак еден ден кога средствата нема да се проблем за да ги диктираат условите овој настан би можел да земе поголем замав односно настап низ цела држава и надвор од неа. Децата со посебно нетрпение присуствуваат на пробите и за нив тоа воопшто не претставува оптпварување, вели Каневче. Професорот потенцираше дека годинава овој настан е посебно сензибилен поради големата загуба на градот со прераната смрт на првиот човек на градот проф. Д-р Јован Стојаноски.
-Тој беше еднствениот градоначалник изминативе години кој се јави и честита овој значаен проект и за учениците и за градот , вели професорот.
Настанот ќе се одржи на 30 декември, а собраните средства се наменети за хуманитарни цели.
новинар Биљана Николоска
