ВМРО СТРУГА: Срушивте споменик не изградивте кружен тек!

Струшкиот комитет на ВМРО ДПМНЕ обвинува за уривањето ан споменикот кај Мороишки мост.

 

-И ден денес, жална е глетката кај Мороишки мост.
Имено, и покрај сите наши обиди, да го стопираме рушењето и сквернавењето на споменикот кај Мороишки мост за кој, патем, претходно укажавме дека не постои никакво одобрение, согласност за рушење или дислокација на истиот од страна на надлежните институции, локалната власт, потпомогната од своите коалициони партнери од СДСМ, си ја оствари целта.

Го срушија споменикот со цел, наводно да направат кружен тек, велат од партијата. 

-„Но, од брзање, да влезат во ЕУ и НАТО заборавија да го направат истиот, иако на официјалната страна на СДСМ – Струга, објавија дека ќе го изградат во најбрз временски рок, како што сами кажаа, поради зачестените сообраќајни несреќи.
Е па, господа од СДСМ, помина повеќе од половина година, а на Мороишки мост, нема ни кружен тек, ни споменик!Се прашуваме, дали навистина мислите на нашите сограѓани, или пак продолжувате по онаа ваша старата – уништи се што е македонско и осквернави се што е историско?Каде ви се чесноста и доблеста?, прашуваат од КО ВМРО ДПМНЕ Струга. 

-„Зарем стружани заслужуваат ваков срам и живот?
Не исполнивте ниту едно ветување, не се погриживте за ниту еден граѓанин на Република Македонија, успеавте само да надвиснете црнило, јад и чемер над нашата Македонија.
Но, едно ќе ви кажеме, доста беше со лагите и празните ветувања. Крајот ви се ближи, народот ќе ви пресуди“, стои во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ ОК-Струга.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани