Цариниците на Ќафасан заплениле половни менувачи што на црно требало да се внесат во Македонија.
Два употребувани менувачи за автомобили, откриени при контрола на албански автомобил, управуван од албански државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Непријавените менувачи се пронајдени во багажниот простор на возилото и истите се привремено одземени, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
