На Мауцкер ќе се гради фабрика за отпад

На Мауцкер ќе се гради фабрика за отпад. Додека се чека изградбата на  регионалната депонија, најавувана децении наназад,  градот  мора да најде решение за сметот.

Веќе се работи физибили студија, која на долг рок ќе го реши проблемот со диви депонии што  никнуваат на секој чекор.

Се прават калкулации дали еколошката фабрика  за отпад, по теркот на европските земји каде сметот  е бизнис, ќе ја гради општината или приватни компании.

-„Ако ние имаме една фабрика за отпад во близина на градот, при што секаде во светот е познато дека се еколошки  фабрики за отпад,  во тој случај ние ќе имаме едно комплетно решение. А јас кажав дека физибилити студијата во трета фаза ќе покаже дали фабриката имаме ние финансиски способности да ја инвестираме или може да ја изгради приватен инвеститор со тоа што ЈП „Комуналец“ ќе го одлага или ќе го продава отпадот на таа фабрика. Со тоа се заштедуваат високи трошоци за јавното претпријатие, се влијае  на рентабилност и профитабилноста на јавното притпријатие, а се разбира ќе имаме и нови инвестиции,  а со тоа и нови вработувања а воедно ќе имаме и заокружена еколошки чиста средина во градот“ „ вели градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски.

Со  2,5 милиони денари денес започна  првата фаза од  расчистувањето на  депонијата ма  Мауцкер, каде во иднина е планирана и дислокација на ЈП Охридски Комуналец“ и изградба на стационарот за бездомни кучиња.

– „Се започнува со депонијата Мауцкер според спеификациите планирано е да се изврши порамнување на околу  16 000 метри квадратни градежен шут и тампонирање на 7000 метри лквадратни со 2 500 метри кубни квалитетна земја 5000 метри гардежен шут ќе биде дислоциран не подалеку од 500 метри“ , вели Љупчо Грданоски  директорот на ЈП „Охридски Комуналец“.

Мауцкер ќе биде уредена,  а потоа повторно отворена за одлагање на градежен шут, после забраната од претходната локална власт.  Фабриката за отпад,која се планира да се гради,  ќе ги намали  загубите  на ЈП „Охридски  Комуналец“, особено транспортните трошоци за  40 км оддалечената дива депонија на  Буково,  каде во моментов се одлага отпадот.  

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани