На охридскиот аредором пречекан првиот лет од Виена

Попладнево во 17 часот на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ свечено беше пречекан првиот лет од Виена. 

Со првиот редовен лет пристигнаа  патник од главниот град на Австрија. 

Новата дирекна авио линија Виена-Охрид-Виена ќе сообраќа во текот на целата година почнувајќи од денеска за старт два пати неделно секој вторник и сабота, а од декември  се зголемува фрекфренцијата на три пати неделно со лет и во четврток. 

На пречекот на првиот лет вечерва на охридскиот аеродром покрај менаџментот на ТАВ аеродроми, беше и директорот на Ахенцијата за туизам и градоначалниците на Охрид и Струга. 

Менаџментот на ТАВ Македонија изрази огромно задоволство за континуираниот развој на мрежата на авиолинии на охридскиот аеродромот Св. Апостол Павле. 

 -Со додавањето на Виена како нова редовна авиолинија и како нова дестинација од охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, ТАВ Македонија, не само што ја проширува својата мрежа на авиолинии, туку исто така ја отвора Австрија како нов дојдовен пазар за патници и туристи на прекрасното Охридско Езеро. Во исто време, сите граѓани кои што живеат во регионот на Охридското Езеро, во Охрид, во Струга, но и во сите општини долж охридското крајбрежје, од македонска страна, но и во соседните држави, ќе имаат можност да го користат директниот лет Охрид–Виена како прифатлива конекција за патување во Австрија. Дополнително, развојот на пазарот на оваа авиолинија ќе биде шанса за авиокомпаниите, за тие да го искористат стекнатото искуство за отворање повеќе нови авиолинии од охридскиот аеродром. ТАВ Македонија и понатаму ќе ги промовира Охрид и Македонија како прекрасна туристичка дестинација на авиокомпаниите и на тур-операторите, со цел тие да воведуваат нови авионски врски и да отвораат нови туристички дојдовни пазари, кои би биле од полза за локалната заедница долж Охридското Езеро и за македонската економија воопшто“, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија. 

-„Оваа авио релација е можне значајна за охридско струшкиот регион но и пошироко за околината од соседството д Албанија. Воспоставувањето на оваа дирекна линија секако дека е од огромно значење за развојот на туризмот што е особено значење за Охрид и Струга. Се надевам дека со оваа редовна линија голем број на туристи од Австрија ќе го посетат Охрид и ќе се запознаат со убавините на нашиот регион.Од дуга страна значи и надминување на просторните и временските граници побрзо пристигнување на лугето кои за жал се надвор од нашата држава“, подвлече градоначалникот Јован Стојаноски. 

 Билетите за линијата Виена–Охрид-Виена се во продажба преку интернет страницата на Wizz Air www.wizzair.com 

Со додавањето на Виена како нова дестинација, на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле сега има 3 редовни линии, Виена, Базел и Цирих, како и 8 сезонски дестинации до: Амстердам, Брисел, Тел Авив, Варшава, Катовице, Истанбул, Ајндховен и Талин, со 11 авиокомпании.

ТАВ Македонија како аеродромски оператор на двата македонски аеродрома, продолжува да бележи двоцифрен пораст во бројот на патници. Од јануари до октомври 2018 година, повеќе од 2 милиона патници патувале преку двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, што е пораст од 17% на годишно ниво. Во исто време, вкупниот број на летови е 17.017, што е 11% пораст споредено со истиот период минатата година.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани