Услови за потенка снежна покривка има и на некои од населените места со надморска височина од над 500 метри…
Во текот на ноќта имаше повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места и на планините паѓаше снег… Сежната граница има услови да се спушти и на местата со надморска височина од под 1000 метри. Во текот на денешниот ден под влијание на Медитеранскиот циклон ОЛИВИЈА ќе имаме претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и снег и на некои од пониските места, има услови и за врнежи од влажен снег.
На повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, поинтензивни врнежи ќе има во јужната половина од државава каде локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог а на повисоките места и на планините ќе дојде до формирање на позначителна снежна покривка. Услови за потенка снежна покривка има и на некои од населените места со надморска височина од над 500 метри и тоа претежно на запад и на југозапад. Поради циклонот ОЛИВИЈА целата територија на државава ќе влезе во ЖОЛТА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 2. до 10. степени.
автор Славчо Попоски
