На полноќ завршува кампањата за референдумот

Кампањата за референдумот завршува вечерва на полноќ.Според Роковникот на ДИК молкот пред референдумот започнува 48 часа пред одржувањето на референдумот.

Коалицијата „Излези ЗА европска Македонија“ вечер завршен собир има во Тетово, движењето Беса во скопски Чаир, а прес-конференции најавија Алијансата на Албанците и координативното тело против референдумот при Светскиот Македонски конгрес ќе одржи прес конференција кое повикува на бојкот на референдумот.

На избирачкото место 5050 во Државната изборна комисија (ДИК) вчера  за референдумското прашање гласаа 104 членови и заменици-членови на избирачки одбори кои ќе отпатуваат во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните претставништва на Македонија, каде во сабота на 29 септември ќе се одржи гласање за референдумот.

Гласањето во странство ќе се одвива во 33 дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија, а пријавени за гласање се вкупно 2.694 македонски државјани.

Ќе се гласа во ДКП-та во Берн, Венеција, Љубљана, Виена, Торонто, Лондон, Бон, Хаг, Берлин, Мелбурн, Канбера, Брисел, Стокхолм, Париз, Рим, Копенхаген, Вашингтон, Детроит, Прага, Абу Даби, Белград, Подгорица, Анкара, Атина, Букурешт, Истанбул и Будимпешта.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани