После долг период на рестрикции и ограничувања поради пандемијата голем е интересот за патување кај жителите на охридско стушкиот регион.
Најбарани дестинации се Египет и Турција. За прв пат годинава послаб е интересот за патување во Грција, но според туристичките работници тоа се должи на потребата од ПЦР тестови. Има интерес за патување и во Албанија и Црна Гора, а мал дел од граѓаните си дозволуваат поексклузивен одмор на Малдиви и Дубаи.
– „Минатата година бидејки целиот свет беше локдаун имавме многу мала побарувачка Турција ја имавме само и малку Хургада годинава имаме поголема побарувачка а и поголема понуда“, вели Анкица Крстаноска сопственик на Туристичка агенција во Струга.
Од друга страна почна и инкаминг туризмот во регионот. Голем е бројот на странски туристи од Полска и Украина кои веќе доаѓаат на брегот на Охридското езеро. Во првата половина на јули се очекува да стартуваат чартер летовите на тур операторите од Холандија.
-„ Тоа ке зависи од почетокот на чартер летовите на холандските гости Ако тие летаат ќе биде една позитивна оценка дека сме безбедна дестинација и ќе почнат да доаѓаат и други странски гости“, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.
ЕУ одлучи Македонија да биде ставена на листата земји во кои е безбедно да се патува. Освен Македонија, безбедни за патување во регионот ги прогласија и Албанија и Србија. Амбасадорите потврдија дека во тие земји има задоволителна епидемиолошка состојба да се патува без ограничувања.
Новинар Соња Рилковска
