Утре официјално ќе биде ставено во употреба подводното советлување на реката Црн Дрим во Струга.
Дримот ноќе ќе блеска во неколку бои, сина, црвена, зелена, виолетова…..
Голем дел од граѓаните г поздравија овој проект на локалната самоуправа, но кај дел од грѓаните предизвика негативни реакции. Поголемиот дел од нив на социјалните мрежи искажуваат загриженост за капачите. Пишуваат вода и струја е голема опасност.
Од локалната велат станува збор за безбеден проект со ниско напонска електрична енергија и не може да претставува опасност за капачите.
-Исполнувајќи ги сите архитектонски барања, осветлувањето на коритото се реализира во согласност со регулативата на нормативните технички стандарди. Проектот вклучува инсталација на арматура изработена од не’рѓосувачки челик, отпорна на корозија. Должината на коритото е 900 м., додека арматурата за осветлување беше поставена од двете страни на коритото со должина од 1800 м, соопштија од локалната.
