Најстарата струшка куќа се распаѓа

Најстарата струшка куќа се распаѓа. Не само што се уништува вредно културно наследство туку куќата на среде чаршија во Струга претставува потенцијална опасност за минувачите.

 

За проблемот алармира адвокатот  Глигор Ќато, кој поседува дел од куќата. 

-„Почитувани како сопственик на 1/4 идеален дел од оваа куќа ми претставува обврска да се обратам. Оваа е куќа е најстарата и најавтентичната куќа во струшката чаршија. Истата е во состојба како што можете да ја видите на сликите. Се бројат деновите, односно месеците кога чардакот од оваа куќа ќе се сруши. Доколку тоа се случи Струга најверојатно ќе ја изгуби најстарата и најавтентичната куќа во струшката чаршија и со тоа и нејзино културно богатство. Дополнително, она што најмногу ме плаши и фактот што самата куќа претставува опасност по животот на пешаците во чаршијата. Огромна е веројатноста денот кога ќе се сруши чардакот дел од граѓата да падне врз некој од пешаците и со тоа да настанат повреди опасни по живот.
Мене не ми се дозволува пристап во куќата од страна на жената која живее таму и во моментот имам поведено судска постапка со цел пристап во куќата и со тоа пристап до местото каде треба да се санира куќата“, појаснува Ќато. 

За оваа ситуација известена е и надлежната општина со слики од терен притоа наведувајќи дека ситуацијата е критична, а опасноста по животот на луѓето кои поминуваат по струшката чаршија од ден на ден е се поголема, алармира Ќато. 

-„Известен е и НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица како надлежен орган за заштита на културните добра.
Сакам да Ве известам дека ниту еден од надлежните органи нема превземено никаков чекор ниту во заштита на културната вредност на самата куќа, а што е најважно ниту во заштита на здравјето и животот на пешаците кои минуваат покрај оваа куќа.
Како индивидуалец ми останува да постапам како што постапив. Поставив импровизирана ограда која би требало да го изолира местото каде би можело да се сруши чардакот. Поставив и писмени предупредувања со напомена до пешаците да не се приближуваат до куќата. Во меѓувреме надевајќи се дека нема да се случи некој трагичен настан очекувам разврска во судската постапка и конечно реакција од надлежните органи“, вели Ќато. 

 Завод и музеј изминатите години во Охрид заштити повеќе стари куќи како споменици на културата. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани