Највкусниот домашен путер од бадеми

Како да подготвите домашен и неверојатно здрав путер од бадеми? 

 

Земете 300гр бадеми, полијте ги со вода и оставете ги преку ноќта. Утрото исцедете ги и исушете ги добро во рерна. Потоа ставете ги во блендер. Блендирајте десетина минути се додека не добиете густ  путер од бадем. 

Путерот од бадеми префрлете го во тегла и ставете го во фрижидер да се олади. Дегустирајте со кришка лепче, а одозгора ставете парченца свежо овошјеа

Бадемите се неверојатно здрава намирница. 

 

Овие јаткасти плодови се богати со протеини и хранливи материи кои помагаат да го намалите апетитот, да го намалите насобраното масно ткиво и да го зачувате срцето.

 

Бадемите се богати со мононезаситени масти и витамин Е, а совршени се за луѓето на кои им се заканува дијабетес, со оглед на тоа што тие го регулираат нивото на глукоза во крвта.

 

Исто така, полни се со минерали меѓу кои е и манганот, кој е клучен за јаки коски и регулирање на шеќерот во крвта, како и магнезиум, кој е неопходен за функционирање на органите, мускулите и нервите, контрола на глукозата и регулирање на крвниот притисок.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани