Екстремно е намален водостојот на реката Сатеска кај селото Ботун.
Според последните податоци од мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на реките во земјва се во рамките на повеќегодишниот просек за февруари со исклучок на Сатеска на мерното место кај Ботун каде нивото е за 15 пати пониско од вообичаеното и Треска кај Македонски Брод со скоро двојно понизок водостој. Водостојот на Охридското Езеро е за 12 сантиметри пониско н од просечното за овој месец, Дојранското Езеро е речиси три метри повисок од просечниот, кај Преспанското е во рамки на просекот.
