Наместо раст, намалени приходи од конгресен туризам

Охрид е конгресна дестинација, но бележи пад во овој вид туризам, истакна ратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Грација Бакраческа.

 

-Градот Охрид гледа потенцијал за привлекување на туристи со висока куповна моќ во конгресниот туризам.
Традицијата на организирање конгреси и други едукативи настани во нашиот град е позната.
Ја имаме Чаршијата, преубави религиозни објекти од различни периоди во историјата, музеи, манифестации,тврдината на цар Самоил,убавините на Канео, Св.Наум,охридските сувенири,охридскиот бисер…
Со оглед на фактот дека имаме аеродром со кој се олеснува транспортот на гостите и богата ризница на значајни културни споменици нашиот Балкански Ерусалим ќе биде уште попривлечен и ќе му се даде нова духовна и туристичка димензија.
Да напоменам дека во наше време беа реализирани бројни проекти од областа на културата како реконструкција на Куќата на Робевци,Светиклиментовиот Универзитет на Плаошник,,Музејот на вода,реконструкции на фасади карактеристични за охридската архитектура,конзервации и реконстукции на неколку цркви,… и сето тоа ќе може да го посетат во рамките на настаните кои би се одржувале во Охрид.
Почитувани колеги,ве прашувам што може да направите за граѓаните и за својата држава.Нема пари за Конгресен Центар ама затоа има за партиски вработувања и луксузирања⁉️Ако треба за партијата ќе се откажете и од сопствените ставови.
Потребни се предвремени избори,Република Македонија да добие одговорна и совесна влада која ќе се насочи на подобрување на економскиот стандард на граѓаните, истакна Бакраческа. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани