Седма Меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ – 2022 година,во организација на Здружението за литература и култура „Охридски поетски бисер“ – Охрид.
Културната манифестацијата ќе се одржи на 25 јуни 2022 г. (сабота) со почеток во 13 часот во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско.
VII-та Меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ е дел од културните манифестации во Програмата за активностите на Општина Охрид во областа на културата за 2022 година.
Манифестацијата има за цел меѓународна промоција на поетската реч, македонскиот јазик и македонската литература, градот Охрид и Македонија.
На манифестација ќе земат учество 60 поети од Македонија и странство откако се изврши селекција од 170 пристигнати поетски творби на претходно распишаниот конкурс за македонски поети, странски поети, млади поети и поети од дијаспората.
Во Организацискиот одбор на манифестацијата се: Мирко Томовски, Митре Мангоски-Радождански и Перчо Божиновски.
Манифестацијата е под покровителство на градоначалникот на Општина Охрид, Д-р Кирил Пецаков.
Помагатели се Општина Охрид, Дебарско-Кичевската Епархија, црквата ,,Успение на Пресвета Богородица”-Каменско, Македонско литературно друштво „Ванчо Николески“ од Квинбијан-Австралија.
Од Каменско нека одекне македонската поетска реч на сите страни!