Нанче: Немаме друга опција освен победа

„Немаме друга опција освен победата“ – тоа им го порача на охриѓани кандидатот за градоначалник од редовите на Граѓанско Демократска Унија, Михаил Трендафилов- Нанче на синоќешната трибина. 

 

На средбата со граѓаните која се одржа во ресторанот „Белведере“, Нанче беше дециден дека Охрид е прекрасно место во кое сите можат да живеат убаво, ако работат напорно и ако локалната самоуправа се грижи за своите граѓани.

-„Охрид е последниот бастион на Македонија, и со мојата  победа ќе им се покаже црвен картон на големите политички партии, кои и покрај тоа што имале 28 години да направат нешто за Охрид, не направиле ништо и на овие избори наместо визии и проекти, раскажуваат приказни за асфалтирани улици, реновирање на плоштади и други обврски, кои градоначалникот треба да ги извршува без поголема помпезност“, рече Нанче.

Пред присутните граѓани се обрати и претседателот на ГДУ, Петар Колев, кој го насочи своето внимание кон тоа зошто Михаил Трендафилов- Нанче е кандидат за Охрид. Колев, исто така им порача на младите да не забораваат дека Охрид мора да остане нивното место и мора да донесат одговорен избор за тоа кој ќе биде следниот татко на градот.

-„ Нанче е  човек кој започнал од ништо  успеал да изгради свој сопствен приватен бизнис. Познат е по неговата посветеност во работата , способност и чесност со кои успеал да изгради авторитет и добро име пред неговите сограѓани охриѓани“, рече Колев. 

Колев отворено им кажа на охриѓани дека тие најдобро го познаваат Нанче и ја побара поддршката за единствениот човек кој може да ја донесе преродбата во најубавиот македонски бисер.

Средбата во ресторанот „Белведере “помина во пријателска атмосфера во која сите присутни во отворен разговор можеа да ги претстават и да добијат одговор за своите проблеми. Кандидатот на ГДУ, не изневери на својот стил и со пријателски тон одговори на сите прашања.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани