Утре, обележување на кружниот „Болница“

Работите ќе се изведуваат од 07 до 14 часот.

Сектор за комунални дејности, сообраќај и улици, ги известува граѓаните и учесниците во сообраќајот, дека на ден 18.04.2019 година (четврток) во временски период од 07.00 до 14.00 часот, поради хоризонтално и вертикално обележување на кружната крстосница Болница , согласно динамиката на одвивањето на активностите во одредени периоди, одредени краци ќе бидат затворени за сообраќај.
Се молат сите учесници во сообраќајот да го одбегнуваат овој потег во погоренаведениот временски интервал со цел навремено и квалитетно завршување на обележувањето на кружната крстосница, апелираат од Секторот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани