Наскоро нов закон за туризам

Дали според новиот закон ќе се потребни 100 000 евра гаранција за отварање туристичка агенција?

Во мај годинава, Стопанската комора, Сојузот на Стопански комори и Сојузот на комората за туризам поднеле барање за воведување на банкарска гаранција од 100 илјади евра за отворање туристичка агенција.Барањето предизвика различни мислења и реакции кај туроператорите и туристичките агенции, дел од нив се согласуваат со иницијативата, дел не.Според одредени нивни мислења, со гаранцијата агенциите ќе се заштитат од нелојална конкуренција, ќе се намали манипулацијата со патниците и ќе им се обезбеди сигурно патување.
Крешник Бектеши, министер за Економија,вели дека Министерството за економија ги разгледувале детално сите предлози, истовремено работната група работи. Ќе излеземе за кратко време со конкретни мерки, со што ќе го смениме и законот. Имаат само осигурителна полиса, а ние мислиме да воведеме и банкарска гаранција со цел сите граѓани што одат на одмор преку туристичките агенции да бидат побезбедни, смета министерот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани