Како да зачестија тепачките помеѓу малолетници во Охрид, по оние во соседна Струга.
Синоќа, во полициската станица Охрид, пријавен е нарушен јавен ред и мир со физички напад врз 12 годишно момче, извршен на улицата „Питу Гули во Охрид, од две малолетни лица на возраст од 17 години.
-СВР Охрид презема мерки за расчистување на настанот по што ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..
