За што ќе дискутираат советниците идната недела?

37-та седница на Советот на општина Охрид ќе се одржи идниот четврток.

На  26.12.2019 година (четврток) со почеток во 11:00 часот, Советот на општина Охрид ќе ја одржи 37 седница, последна за оваа година. Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид со следниов дневен ред:
Информација за изготвениот Интегриран катастар на загадувачи на животната средина на општина Охрид.
Предлог – програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2020 година.
Предлог – програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2020 година.
Предлог – развојна програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за период 2020 – 2022 година.
Предлог – програма за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за 2020 година.
Предлог – програма за заштита на животната средина и природата за 2020 година.
Предлог – програма за одржување на јавна чистота за 2020 година.
Предлог – програма за подигање и одржување паркови и зеленило за 2020 година.
Предлог – програма за спорт и рекреација за 2020 година.
Предлог – програма за млади и невладини организации за 2020 година.
Предлог – програма за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2020 година.
Предлог – програма за детска заштита за 2020 година.
Предлог – програма за социјална заштита за 2020 година.
Предлог – програма за културни манифестации и творештво за 2020 година.
Предлог – програма за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво за 2020 година.
Предлог – програма за работа на Советот на општина Охрид за 2020 година.
Предлог – програма за енергетска ефикасност за 2020 година.
Предлог – програма за јавно осветлување за 2020 година.
Предлог – програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2020 година.
Предлог – програма други комунални услуги за 2020 година.
Предлог – развојна програма за изградба на системи за водоснабдување за периодот од 2020 до 2022 година.
Предлог – програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2020 година.
Предлог – развојна програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води за 2019 – 2021 година.
Предлог – програма за изградба на сообраќајна сигнализација за 2020 година.
Предлог – развојна програма за уредување градежно земјиште за 2020-2022 година.
Предлог – програма за управување со отпад на општина Охрид за 2020 година.
Предлог – програма во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2020 година.
Предлог – буџет на единицата на локалната самоуправа за 2020 година.
Предлог – одлука за извршување на буџетот на Општина Охрид за 2020 година.
Предлог – одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2020 година.
Предлог – одлука за усвојување на Програмата за тековно работење на МЈП „Проаква“ Струга РЕ „Водовод“ – Охрид за 2020 година.
Предлог – одлука за усвојување на Програмата за тековно работење на ЈП„Нискоградба“ – Охрид за 2020 година.
Предлог – одлука за усвојување на Програмата за работа на ЈП Градски Пазар – Охрид за 2020 година.
Предлог – одлука за усвојување на Програмата за работа на ЈП „Охридски комуналец“ – Охрид за 2020 година.
Предлог – одлука за усвојување на Програмата и планот за работа на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за 2020 година.
Предлог – одлука за усвојување на програмата за работа и развој на ЈП „Билјанини извори “ – Охрид за 2020 година.
Предлог одлука за давање согласност на Одлуката за дополнување на одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП Билјанини Извори – Охрид.
Предлог- одлука за давање согласност на одлуката за усвојување на годишниот план за вработување на ЈП “Нискоградба”- Охрид за 2020 година
Предлог- одлука за давање согласност на одлуката за измена и дополнување на статутот на ЈП „Нискоградба“ Охрид
Предлог- одлука за давање согласност на одлуката за усвојување на годишниот план за вработување на ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид за 2020 година.
Предлог – одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП Градки Пазар охрид – Охрид.
Предлог-одлука за разрешување и именување член во Управниот Одбор на ЈП„Градски Пазар“ Охрид.
Предлог –одлука за разрешување и именување член на Училишниот одбор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид
Предлог- одлука за прифаќање на иницијативата за одземање на правото на користење на градежно земјиште.
Предлог- одлука за прифаќање донација на специјално товарно противпожарно возило.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани