Во рамките на летните активности на МАНУ, во Куќата на Уранија во Охрид, во рамките на манифестацијата Научна и уметничка визита 2019, ќе се одржуваат научни средби, изложби и промоции на членовите и центрите на МАНУ.
-„Научната и уметничка визита 2019 на МАНУ започнува со Лингвистичката работилница на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ, и ќе се одржува од 27 до 29 јуни 2019 со почеток во 11 часот. На лингвистичката работилница ќе се разгледуваат методите на обработка на дијалектни атласи, теоретските и методолошките поставки на дијалектолошките истражувања, современата состојба на македонските дијалекти, а ќе се дискутира и околу концепцијата за изработка на дескриптивна граматика на македонскиот јазик“, информираат од МАНУ.
Работилницата ќе работи секој ден, со почеток во 11 часот и е отворена за сите заинтересирани колеги, но и граѓани – соопштија од МАНУ.
На лингвистичката работилница ќе се разгледуваат методите на обработка на дијалектни атласи, теоретските и методолошките поставки на дијалектолошките истражувања, современата состојба на македонските дијалекти, а ќе се дискутира и околу концепцијата за изработка на дескриптивна граматика на македонскиот јазик.
На 27 јуни (четврток): Презентација на работата врз Лингвистичкиот атлас на македонските дијалекти (според материјалите на ОЛА) – Истражувачки центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ – МАНУ.
На 28.јуни (петок): Презентација на работата врз Македонскиот дијалектен атлас -Одделение за дијалектологија, Институт за македонски јазик „Крсте П. Мисирков.
На 29.јуни (сабота): Дискусија околу концепцијата за изработка на дескриптивна граматика на македонскиот јазик.
Во рамките на летните активности на МАНУ, на истотоместо, во во Куќата на Уранија во Охрид, на манифестацијата Научна и уметничка визита Охрид – 2019, ќе се одржуваат научни средби, изложби и промоции на членовите и центрите на МАНУ. (Крај)
Веле Митаноски
Работилницата ќе работи секој ден, со почеток во 11 часот и е отворена за сите заинтересирани колеги, но и граѓани – соопштија од МАНУ.
На лингвистичката работилница ќе се разгледуваат методите на обработка на дијалектни атласи, теоретските и методолошките поставки на дијалектолошките истражувања, современата состојба на македонските дијалекти, а ќе се дискутира и околу концепцијата за изработка на дескриптивна граматика на македонскиот јазик.
На 27 јуни (четврток): Презентација на работата врз Лингвистичкиот атлас на македонските дијалекти (според материјалите на ОЛА) – Истражувачки центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ – МАНУ.
На 28.јуни (петок): Презентација на работата врз Македонскиот дијалектен атлас –Одделение за дијалектологија, Институт за македонски јазик „Крсте П. Мисирков.