Охрид ќе го одбележи Денот на Охридското езеро

Со низа свечености, во Охрид ќе се одбележи 21 јуни, Денот на Охридското езеро.

Одбележувањето, ќе започне на 21 јуни во 12 часот на градското пристаниште со пригодни говори на градоначалниците на Охрид, Струга и Поградец, Георгиевски, Мерко и Капри по што ќе следува културно-уметничка програма, изложба на подводни фотографии, презентација на нуркачка опрема и дефиле на спортските клубови на вода. Носители на активностите се  Општина Охрид, Општина Поградец, Општина  Струга, невладини организации  од  трите градови, во  соработка со  Комисијата за одбележување празници и  манифестации и доделувања  награди и признанија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани