Нема место за лекување на болните од корона вирус од струшко

Болните од корона вирус во струшко во незавидна состојба.

Струшката болница се` уште не доби одговор од министерството за здравство, каде да ги праќа пациентите , откако Инфективното одделение во Охрид, поради немање капацитет им ги враќа назад.
Изминативе денови болните со потешки симптоми се праќаат во Битола или во Скопје, но и тоа оди тешко бидејќи и таму болниците се полни, вели директорот на струшката болница.

-„Ќе ни биде тешко како и што ни било досега, бидејќи сите тие пациенти докажани позитивни се третирани во Интерно одделеие или Општа болница. И мислам дека и понатаму ќе продолжиме така. Да се молиме да немаме некој поголем број , ама се надеваме ќе најдеме решение“, вели Мухамед Хасани директор на струшката болница.

На Интерното одделение во Струга има сместување само за десет пациенти. Оние со полесни симптоми се праќаат на домашно лекување, но епидемиолошката состојба е сложена бидејки секојдневно расте бројот на новозаболени.

-„Ниеден пациент нема да го оставиме, јас ноќеска беше проблем место каде јас реков ако треба и во ходник ќе поставиме мора да ги згрижиме.0859 Бараме насоки и упатства од министерството за здравство што ќе ги примениме“, вели д-р Мира Костојчиноска началник на Инетрно одделение Струга.

Струга нема инфектолози, ниту епидемиолози, а нема ни услови за згрижување на пациенти со корона вирус, освен на Интерното одделение. Само денес има над дваесеттина нови случаи на корона во Струга со што бројот на акттивни се искачи на над 90 лица.

Новинар Соња Рилковска

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани