Повреден велосипедист на „Туристичка“

Струшко возило удрило во велосипедист во Охрид на „Туристичка“.

На 20.06.2020 во 09,15 часот на крстосница помеѓу бул.„Македонски Просветители“ и бул.„Туристичка“ во Охрид патничко моторно возило “тојота корола“ со струшки регистарски ознаки управувано од Љ.Ж.(50) од Струга удрило во велосипедист К.Н.(39) од Охрид. По незгодата К.Н. бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“-Охрид каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид, информираат од МВР. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани