На охридскиот плоштад ова лето нема тезги со храна. Не се продаваат ниту крофни, ниту вафли, ниту сладоледи.
Георгиески вети дека ќе ја збрише лoшата панаѓурска слика за културниот Охрид и не се издаваат дозволи за поставување на тезги на градскиот плоштад. На одредени локации секако е предвидена продажба на храна, сувенири, слики, накит и слично. Повеќето кај Чинарот, плоштадот Долна порта и кејот „Македонија“.
Нa градскиот плоштад навечер се сретнуваат неколку диви улични продавачи на печена пченка, кои умешно ги избегнуваат инспекциските контроли и полицијата.
Инаку поставена е само една дрвена куќарка во која се претпоставува дека ќе се врши продажба на карти за културните манифестации во градот.