Во Охрид казнети се 44 лица.
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 71 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-44, Струга-12, Кичево-09, Дебар-06).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Димоски напоменува дека полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 21 контроли врз угостителски и други објекти.
…
