Кривична заработи 20 годишен охриѓанец.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Н.(20) од Охрид. Тој, на 03.08.2020 година, во берберница лоцирана на улицата „Даме Груев“ во Охрид, започнал вербална расправија со Д.Д. (24) и Д.Д.(25), двајцата од Охрид, по што физички ги нападнал со остар предмет.