Две другарки, Полјакиња и Чехиња авто стоп пропатуваа осум Балкански земји. Дваесет и тригодишните Оливија и Јана патуваат речиси еден месец.
Тргнале од Австрија, потоа Словенија, Хрватска, Црна Гора, Босна , Србија , Македонија и Албанија.
Оливија е туристички водич од Полска, изминатите три лета патуваше во Охрид со бројни туристи. Ја знае историјата, културата , традицијата но поради пандемијата оваа сезона не работи, па затоа одлучи да ужива во една незаборавна авантура.
.jpg)
– „Ја сакам Македонија поради културата храната и многу дружељубивите луѓе, охридските бисери кои се ендемични и единствени во светот. Идната година се надевам по завршување на пандемијата да бидам повторно во Албанија во Драч и два пати неделно да имаме екскурзии за полските гости да видат колку е убав Охрид “, вели Оливија Лушак туристички водич од Полска.
Храбрите девојки минаа 20 илјади километри, стопирајќи патувале со комбиња, автомобили, камиони, автобуси и немале никакви проблеми по границите. Велат не се плашат од корона вирусот, во нивната филмска авантура спијат во шатор, логоруваат, се забавуваат и запознаваат нови пријатели.
.jpg)
-„Ова е едно од најубавите искуства во мојот живот. Секоја земја има нешто посебно, патувајќи авто стоп имавме прилика д запознаеме различни локални луѓе, кои ни раскажуваа за своите земји.Во Охрид многу ми се допаѓаат луѓето, природата, волшебното езеро, навистина е прекрасно“ , вели Јана Хофманова од Чешка.
.jpg)
Со ранците на рамо,на овие девојки автопатот им е најдобар пријател. Охрид им е претпоследната дестинација, од тука заминуваат за Драч Албанија, а потоа со авион ќе се вратат дома.
Новинар Соња Рилковска
