Нервозен навивач нападнал голман по фудбалскиот натпревар

Напаѓачот од Вевчани со тупаници го нападнал голманот по што, полицијата му доделила  кривична.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.Ш.(22) од село Вевчани, струшко за сторено кривично дело „насилство“.
Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид вели дека настанот се случил на 29 август годинава во село Драслајца, струшко, по завршувањето на фудбалски натпревар. Додава дека пријавениот,изреволтиран поради изгубениот натпревар, физички нападнал 20 годишно лице кое на натпреварот учествувал како голман на една од екипите.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани