Несериозни граѓани го кршат полицискиот час

Несфатливо е дека сеуште има несериозни граѓани што го кршат полицискиот час.

Изминатово деноноќие,во периодот од 07 часот на 11.04. до 07 часот на 12.04.2020 година, седум лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19 ( Охрид-3, Струга-2, Кичево-2).Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид вели дека безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е стабилна, без регистрирани собирања на граѓани, кражби и сообраќајни незгоди.
– Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14 – дневна самоизолација. Нема нови лица со решение за изолација и извршени се 13 контроли на лицата кои веќе се во изолација (Охрид-10, Кичево-3). Евидентирани се 69 нови лица во самоизолација, (Охрид-18, Струга-15, Кичево-25, Дебар-11) и извршени се 137 контроли врз овие лица (Охрид-34, Кичево-7 и Дебар-96). На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 324 лицa што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид- 202, Струга- 122), кои се сместени во четири сместувачки објекти. На 179 лица сместени во Струга, им заврши мерката задолжителен државен карантин. Полициските службеници извршија 45 контроли на угостителски објекти, соопшти Димоски.

Според портпаролот „ Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба. Според мерките предвидени во оперативниот план, полициските службеници реализираат мото-патролите низ градските средини и приградските населби. Притоа, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди. Во општините Дебар и Центар Жупа успешно се спроведуваат мерките за контрола при влез на патнички и други моторни возила, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини.
Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила со полициска придружба ќе бидат спроведени до соодветните трговски објекти. Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини.

СВР Охрид упати апел до граѓаните, строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана за движење за сите граѓани на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16 часот до 05 часот наредниот ден и за време на викедот, од петок од 16 часот па се до 05 часот во понеделник. Апелираме на совесно и дисциплинирано придржување до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани