Велешанец заработи кривична во Охрид

Момчето го прекршил полицискиот час.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против  С.Б.(18) од Велес.  На 31.03.2020 година, во 01.00 часот, полициските службеници го затекнале  пријавениот кај населбата Рача и при контрола утврдиле дека тој нема дозвола за движење издадена од надлежен орган. Пријавениот постапил спротивно на прописите на Владата за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус COVID – 19.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани