Неколку несоодветно заковани бетонски столпчиња кои се клатат под влијание на временските услови, еден импровизиран видиковец поставен без подлога-директно на земја, неколку клупи и кров кои веќе се распаѓаат е севкупниот биланс на проектот финансиран од ЕУ кој минатата година се одобри, а веќе се распаѓа!, обвинуваат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО ДПМНЕ.
Активната пост вулканска појава „Дувало“ која се наоѓа во близина на селото Косел во Охрид е природен феномен, единствен од овој вид на балканот, кој поради неговата уникатност е прогласен за природна реткост.
-„Заради важноста на локалитетот, ЕУ одобри средства кои ТРЕБАШЕ да се наменат за зголемување на степенот на заштита, промоција и туристичка валоризација на природната реткост, преку вклучување на локалната заедница.
.jpg)
Со оглед на тоа дека проектот е финансиран од Европската Унија, а требаше да се имплементира преку Програмата за развој на ОН (УНДП), во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, ги прашуваме надлежните:
-Во колку фази е предвидено да се одвива работењето на терен, ако од минатата година (кога наводно почна реализацијата) до ден денес, нема видливи резултати?, стои во реакцијата на Комисијата за локална самоуправа Вмро Дпмне.
.jpg)
-Овој проект е во рамки на Програмата за управување со заштитени подрачја, а спротивно на тоа, каква е таа заштита кога не сте поместиле ни минимално количество на отпад, што во околината на локалитетот Дувало е со години, па и со децении, ниту пак сте поставиле знаци за строга забрана за фрлање на кабаст и комунален отпад? и
-Дали и овие финансиски средства се несоодветно потрошени, или, во најлош случај, прикриени?!
Затоа што не се знае каде и како ги трошите парите на граѓаните, затоа што не ви е грижа за ништо освен за самите себе и затоа што се распаѓа сè што ќе допрете, часовникот ги отчукува последните минути од вашето расипничко, несовесно и недомаќинско владеење!, пишуваат од Комисијата за локална смаоуправа на партијата.
.jpg)
