Вреќа полна со градежен шут плочки и други градежни отпадоци фрлени на дното во Охридското езеро.
Овие фотографии ги направи охриѓанецот Никола Паскали од нуркачкиот центар „Акватек“.
Отпадот е откриен во близина на градската плажа Сараиште на длабочина од 4 до 7 метри.
– Отпадот е лоциран во близина на плажата Сараиште. Ние го мапиравме и секако дека ќе го отстраните од езерото. Апелираме до граѓаните да не фрлаат отпад и да не го загадуваат Охридкото езеро, вели Никола Паскали во изјава за Охриднет.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
